Состојки
Хималајска сол
Хималајската сол со својот состав од 84 минерали и елементи во ист сооднос во којшто се наоѓаат и во нашиот организам, му помага на телото и на нервниот систем во постигнувањето на совршена рамнотежа и има исклучителен подмладувачки ефект.
Листата од позитивните влијанија врз нашето здравје коишто може да ги извлечеме со употребата на хималајската сол е дефинитивно долга. Освен што го обезбедува телото со сите важни минерали, му овозможува природна регулација на електролитите и подобра апсорпција на нутритиентите и поефикасна детоксикација. Го поттикнува испирањето на насобраните токсини од организмот, а им се препорачува буквално на сите, а особено на оние коишто имаат проблем со повисок крвен притисок и задржување на вода во организмот. Хималајската сол делува како регулатор на стресот, но и ја стабилизира неправилната работа на срцето. Го регулира нивото на шеќерот во крвта и им помага на бубрезите да го излачат високот од киселост во мокрачата. Делува на чистење на слузта од белите дробови, а особено е корисна кај лицата коишто боледуваат од астма и цистична фиброза. Би требало да ја употребувате и ако имате проблеми со сува кашлица, при што е доволно да ставите само малку сол на јазикот.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: