Состојки
Палента Палентата е стара намирница која во минатото ја сметале за храна на посиромашните слоеви и на селаните низ Европа поради ниската цена и достапноста. Се подготвувала неколку пати неделно, а денес претставува намирница во европските отмени ресторани и се послужува како прилог со месо или риба, меѓутоа оди во комбинација и со зеленчук. За американските Индијанци зборот пченка значи „она што го одржува животот“. Таа е веднаш зад пченицата и оризот како едно од најважните жита во светот. Палентата не содржи многу масти, има ниска количина на прости шеќери и натриум, затоа претставува добра основа за здрав оброк која му дава енергија на организмот.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: