Состојки
Прокељ
Прокељот е зеленчук од фамилијата на зелките, кој по својот изглед потсетува на минијатурна главица зелка. Тој е исклучителен извор на витамини Ц, А и К, фолна киселина, калиум, манган и целулоза, а во неговиот карактеристичен вкус уживале и античките народи. Обично е со големина на орев и не е богат со калории, но затоа изобилува со минерали, влакна, растителни протеини и витамини.
Прокељот го подмладува и чисти организмот, му ја дава потребната енергија и виталност, а помага и при слабеење. Важи за чудесен зеленчук кој е важен за здравјето.
Медицинските истражувања покажуваат дека прокељот штити од појава на сите облици на канцер. Посебно е важен за подигнување на имунитетот. Го чисти организмот од штетните состојки така што го забрзува празнењето на цревата. Изобилува со лутеин и заексантин, кои ги чуваат очите. Прокељот се препорачува за лица кои имаат проблеми со нервниот систем.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти