Состојки
Рендан пармезан
Пармезан е италијанската врста на тврдо гранулирано сирење. Овој вид на сирење потекнува од околината на градот Парма, по што е именуван. Точното име и единствено за употреба е ''Parmigiano Reggiano'', но тоа е заштитено со закон и може да се користи само ако производеното сирење е направено во провинциите на Парма, Реџо Емилија, Модена, Болоња и Мантова, под надзор на надлежниот орган за контрола и заштита на потеклото и квалитетот. Пармезанот се прави од кравјо млеко. Полномасно млеко се меша со обезмастено млеко кое е измолзено од претходниот ден. Смесата се става во садови обложени со бакар, се додава сурутка, а температурата се зголемува на 33-35 ° C.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти