Состојки
Свинска маст Свинската маст по својот состав е 40% заситени маснотии, додека кокосовото масло, на пример, има 85% заситени маснотии. Повеќето од мононезаситените маснотии во свинската маст ги сочинува олеинската киселина, многу здрава масна киселина, која ја помага работата на срцето и која е поврзана со намаленото ниво на лошиот холестерол. Во свинската маст има двојно повеќе олеинска киселина, отколку во путерот. Свинската маст има многу висока точка на согорување, поточно, не ја менува својата структура дури ни над 250°C. Според тоа, намирниците кои се пржат во свинска маст апсорбираат помалку штетни радикали во споредба со пржењето на путер или рафинирано сончогледово масло, на пример. Докажано е дека природните маснотии му се потребни на човекот за извршување на секојдневните активности. Маснотиите содржат калории, но истражувањата потврдија дека станува збор за намирница која создава подолготрајна ситост. Холестеролот кој го содржи свинската маст, под влијание на УВ зраците се претвора во витамин Д, значаен за апсорбција на калциумот.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: