Состојки
Бело чоколадо
Чоколадото опфаќа голем број на сурови и процесирани хранливи производи што имаат потекло од семето на тропското какао дрво. Меѓутоа, белото чоколадо е направено врз база на шеќер, млеко и путер од какао без тврдите материи од какаото.
Белото чоколадо е честа состојка на многу видови на слаткарски производи како што се чоколадните плочки (најпознати едноставно како чоколадо), малите чоколатца, сладолед, колачи, торти, пити, чоколаден мус (крем) и други десерти. Тоа е една од најпопуларните (или најпрепознатливите) вкусови во светот. Едно бело чоколадо од 100 грама, во просек содржи 28 грaма какао путер, 26 грама млеко во прав и 46 грама шеќер. Сепак, во умерени количини, и белото чоколадо има свои бенефиции иако значително помалку од темното чоколадо.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти