Рецепти
Банана штангли Ана Ристеска

Лесен, брз и вкусен десерт со состојки кои веќе ги имате

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Банана(1 Килограм)

Мелени бисквити(300 Грама)

Шеќер(250 Грама)

Црно чоколадо(200 Грама)

Мелени ореви(300 Грама)

Путер(250 Грама)

Бело чоколадо(250 Грама)

Масло(2 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 20 минути

  1. Бананите ги лупиме, ги сечкаме на кругови и ги ставаме во подлабок сад. Го додаваме шеќерот.
  2. На крупната страна од рендето во садот го рендаме путерот. Ги додаваме мелените ореви и бисквити.
  3. Црната чоколада ја топиме во тенџере на оган. Ја додаваме во длабокиот сад со останатите состојки.
  4. Ги месиме состојките со рака додека не се соединат во смеса.
  5. Ја ставаме смесата во тркалезен калап обложен со најлонска фолија.
  6. Белата чоколада заедно со маслото ја топиме во тенџере на оган. Ја нанесуваме врз колачот.
  7. Калапот го ставаме во замрзнувач. Откако колачот ќе се излади и стегне го вадиме. Сечеме парчиња и ги служиме.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: