Состојки
Праз Според нутритивниот состав празот е сличен на кромидот и лукот, но содржи повеќе белковини, бета-каротин и витамин Ц. Од минерали, празот е богат со манган, фолна киселина, железо, магнезиум, фосфор, калиум и калциум. Со готвењето се нарушува витаминско – минералниот состав на празот, па затоа најдобро е да се јаде свеж како салата. Празот содржи триосулфонати, кои со сечкање на празот, преминуваат во сулфиди (алицин - активна антибиотска материја) и имаат антибиотско дејство. Алицинот дејствува како природен антибиотик. Алицинот го намалува и крвниот притисок, го намалува нивото на холестеролот во крвта и го јакне имунолошкиот систем. Затоа празот е природен превентивен лек против кардиоваскуларните заболувања. Празот е богат и со етерични масла, кои го зголемуваат лачењето на дигестивните сокови и со тоа го подобруваат варењето на храната. Бидејќи содржи доста калиум, а малку натриум (сол), празот е силен природен диуретик. Празот ја негува и кожата и ги топи килограмите. 
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 

Регистрирај се

Направи свој кориснички профил

Изјавувам дека горните податоци се точни и ги прифаќам условите за користење и Политиката на заштита на лични податоци на веб страницата moemeni.mk.

Регистрирај се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да:

Најави се

Најави се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да: