Рецепти
Интегрален ориз со печурки и спанаќ Ана Ѓорова

Рецепт за ручек богат со зеленчук

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Интегрален ориз(1 Чаша)

Спанаќ(500 Грама)

Вода(3 Чаши)

Свежи шампињони(250 Грама)

Црн грав(1 Чаша)

Млад лук(1 Чешне)

Соја сос(2 Супени лажици)

Вегета(1 Кафена лажица)

Рузмарин(1 Прстофат)

Бибер(1 Прстофат)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 80 минути

  1. Во тенџере најпрвин ставете го младиот грав да се обари.
  2. Во друг сад кога ќе зоврие водата додајте го исчистениот ориз, претходно потопен во вода.
  3. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата, покријте го садот и оставете го околу 45 минути.
  4. Тргнете го од шпоретот и оставете да се олади околу 15 минути.
  5. Во тавче за готвење ставете ги печурките и малку млад лук со малку вода и нежно мешајте на слаб оган околу 5 минути.
  6. Додајте ги младиот обарен грав и спанаќот, покријте го садот и гответе на слаб оган околу 3 до 4 минути додека не свене спанаќот.
  7. Потоа додајте го сосот од соја.
  8. Сè тоа измешајте го со претходно подготвениот ориз.
  9. Можете да зачините по желба со био зачин, рузмарин или црн пипер, во зависност што сакате повеќе. По желба додајте и мелен буковец, сушен или свеж магдонос, оригано.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Домашен сендвич сладолед
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Смути од јапонски јаболки и круши
Овесни колачиња
Овесни барови со јаворов сируп
Енергетски залчиња од тиква
Смути со киви и банани
Чоколаден чиа пудинг со портокал
Чај со јаболко
Полнета пастрмка во црно вино (посно)
Здраво чоколадно лепче
Чоколадни брауни од тиква
Палачинки од сладок компир
Пудинг од брусница и портокал
Печен лосос со лук и магдонос (посно)
Пица од карфиол
Утринска каша од овес и чиа
Брза пита од тиква
Здрав џем од ѓумбир
Смути со калинки

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: