Рецепти
Јајца на турски начин Ана Ѓорова

Испробајте го овој едноставен, а вкусен рецепт за јајца на турски начин со јогурт и црвен пипер

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(2 )

Оцет(2 Супени лажици)

Вода(5 Чаши)

Јогурт(1/2 Чаша)

Црвен пипер(1 Супена лажица)

Путер(1/2 Супена лажица)

Суво нане

Сол

Бибер

Кромид(1 Главица)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 20 минути

  1. Водата зовријте ја во средно тенџере заедно со оцетот и солта. Откако ќе почне да врие, намалете го огнот на среден.
  2. Јајцата едно по едно скршете ги во мал сад и едно по едно внимателно од садот лизнете ги во врелата но незовриена вода (внимавајте водата да не биде зовриена, туку само многу топла). Не гответе повеќе од две јајца во тенџерето одеднаш доколку правите поголема доза. Внимателно со лажица контролирајте го јајцето да не се растече премногу.
  3. Гответе ги јајцата најмногу 3-4 минути додека добиете средно мека жолчка. Доколку сакате потврда жолчка, гответе ги најмалку 5 минути. Потоа внимателно со решеткаста лажица извадете ги од водата.
  4. Ставете ги во чинија и прелијте ги со јогуртот кој претходно го измешавте со мелениот кромид.
  5. Во тава стопете го путерот и откако убаво ќе се растопи додајте црвен пипер и мепајте околу една минута или помалку. Прелијте ја смесата врз јајцата и јогуртот.
  6. На крај наросете суво нане и послужете.
Овошен киноа појадок
Овесни палачинки со банана
Здрава проја со тиквички
Овесни колачиња
Чоколаден чиа пудинг со портокал
Ленени погачици
Палачинки од сладок компир
Утринска каша од овес и чиа
Корнфлекс пита
Чиа пудинг со банани
Смути во чинија со шумско овошје
Проја мафини со брокула
Солени крофни
Мафини со рибизли
‘Ржан леб со семки од тиква
Полнети проја погачки
Вафли со боровинки
Растурен омлет со печурки и со гауда
Мини палачинки со спанаќ
Двоен солен ролат
Мафини со јаболки и моркови
Омлет со печурки и чадена сланина
Кифли со виршла и кашкавал
Домашна гужвана пита
Куглов колач со јогурт
Тесто без јајца
Воден бурек
Пекарски земички
Мафини со јајца и зеленчук
Печурки со спанаќ и пилешко

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: