Рецепти
Овошни мафини без брашно
Овошни мафини со чоколадо и ‘рж што се одлични за појадок или ужинка
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПојадокТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Јајце(2 )
Шеќер(50 Грама)
’Ржани снегулки(125 Грама)
Јогурт(150 Милилитри)
Црно чоколадо(50 грама исечкано )
Замрзнати јагоди(100 Грама)
Прашок за печиво(1/2 Пакување)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути
- Во сад за матење се кршат јајцата, се додава шеќерот и се матат како за торта.
- Овошјето (може да употребите овошје по желба – јагоди, малини, капини, јаболки, банани) ситно се сечка. Може да употребите и замрзнати јагоди што ќе ги исечкате, а водата ќе ја исцедите.
- Потоа сите состојки се мешаат и се ставаат во намастени калапи за мафини.
- Се печат во загреана рерна на 180 степени, околу 20 минути, а по желба може одозгора да се наросат со шеќер во прав.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во