Рецепти
Палачинки со прелив од шумско овошје
Палачинки со шлаг и прелив од испасирани малини, капини, боровинки и јаворов сируп. Одлична идеја за ужинка или за свежо започнување на денот.
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПојадокТИП НА КУЈНА
ЕвропскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
8 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Јајце(2 )
Белка од јајце(1 )
Брашно(4 Чаши)
Млеко(1/2 Литар)
Газирана вода(100 Милилитри)
Сол(1 Прстофат)
Шеќер(1/2 Супена лажица)
Малини(1 Чаша)
Боровница(1 Чаша)
Капини(1 Чаша)
Јаворов сируп(250 Грама)
ПОДГОТОВКА
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 30 минути
- Јајцата изматете ги, додајте сол, половина лажица шеќер, кисела вода и млеко, а потоа постепено додавајте го брашното и матете додека смесата убаво не се соедини. Откако ќе добиете густа смеса за палачинки без грутки, пржете ги на загреано масло, околу 1-2 минути од двете страни на вообичаен начин.
- Во друга тава на оган загрејте го јаворовиот сируп и додајте ги измиените малини, капини и боровници. Испасирајте ги внимателно со вилушка, гответе ги и мешајте околу 3 минути.
- Во посебен сад со миксер пенасто изматете 1 белка и постепено додавајте 1 супена лажица шеќер, додека не добиете цврст и густ шлаг.
- Палачинките послужете ги топли во чинија, ставете им шлаг и прелијте ги со добиениот овошен сируп, а потоа декорирајте со свежи плодови шумско овошје. Уживајте!
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во