Состојки
Бамја
Бамјата (англ. Okra) спаѓа во фамилијата на цветни растенија слезови (Malvaceae). Оваа состојка е карактеристична по своите зелени семиња кои се применуваат во исхраната. Потеклото на бамјата е од Африка, Етиопија и од јужните делови на Азија - за нејзино одгледување се потребни региони со топла, тропска и суптропска клима.
Бамјата е позната како растение богато со незаситени масни киселини, протеини, минерални материи и витамини и е погодна како состојка во исхраната поради многу здравствени бенефиции како и поради своето антиоксидантско дејство.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти