Состојки
Билно масло Билното масло или растително масло се добива од плодот и семето на голем број билки. Постојат околку 300 видови билки од кои може да се добие билно масло, кое е популарно во гастрономијата поради недостатокот на холестерол, а присуство на голема количина на полинезаситени масни киселини. Освен тоа, билното масло дејствува на отпорноста на крвните садови и ја намалува нивната попустливост. Билните масла се ценети поради биолошката активност на сè она што е присутно во маслото. Употребата на растителни масла овозможува компензација на биолошко активните материи кои недостасуваат, а кои се неопходни за човечкиот организам да може правилно да фунционира. Поради тоа, билното масло е составен дел во секојдневната исхрана. Добрите кулинарски и вкусни својства како и ниската цена се причина поради која денес билните масла се широко користени производи во кујната.  
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: