Рецепти
Мини чоколадни пити Ана Ѓорова

Изненадете ги најсаканите за празникот на вљубените и подгответе им ги овие мини пити во форма на срциња што се подготвуваат лесно и со достапни состојки

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(280 Грама)

Какао(20 Грама)

Шеќер(2 Супени лажици)

Сол(1 Кафена лажица)

Несолен путер(230 Грама)

Млеко(120 Милилитри)

Јајце(1 )

Црно чоколадо(173 Грама)

Хопла(120 Милилитри)

Путер од кикирики-органски(3 Супени лажици)

Билно масло(1 Кафена лажица)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути + 2 часа за да отстои тестото

  1. Ставете ги брашното, какаото, шеќерот, солта, и путерот во голем миксер. Путерот нека биде многу ладен, од фрижидер и исечкан на коцки. Миксирајте додека да добиете грутчеста смеса.
  2. Постепено сипете го ладното млеко додека миксирате (млекото мора да биде ладно од фрижидер). Откако ќе го додадете млекото, тестото треба да изгледа меко. Ако е премногу суво, додајте уште лажица ладно млеко. Обидете се да не го мешате премногу пати тестото.

chocolate-pie-dough-600x530

3. Потоа поделете го тестото на половина и секој од деловите цврсто завиткајте го со проѕирна фолија и чувајте го во фрижидер 2 часа до 5 дена.

4. На набрашнета работна површина (може да се “набрашни” исто така и со какао), внимателно расукајте ги тестата. Од него исечете форми (со помош на срце форми од 7 см). Останатиот дел од исечоците замесете го, расукајте го повторно и сечете форми. Сечените форми ставете ги врз плех и оставете ги во фрижидер додека го припремате филот.

chocolate-dough-600x900

5. Фил: Исечкајте 113 грама од чоколадото и ставете го во големо тенџере. Во помал сад загрејте ја хоплата или слатката павлака и кога ќе почне да врие, тргнете од оган и додајте ја кај чоколадото. Мешајте постојано додека да се растопи чоколадото и потоа додајте го путерот од кикирики (по желба), мешајте додека да се згусне. Оставете го филот да се излади 15-тина минути.

chocolate-hand-pies-7-600x900
6. Загрејте ја рерната на 200° C. Извадете ги срцата од фрижидерот и наредете на 2 големи листови хартија за печење. Рабовите на пола од срцињата премачкајте ги со јајце (претходно изматено со малку млеко). Додајте по една лажичка фил на средината од половина од срцињата.

chocolate-hand-pies-8

7. Покријте ги со другата половина од срцињата (малку свиткајте го врвот на срцето ако треба, за да се затворат). Притиснете го врвот на рабовите за да се залепат, а потоа со вилушка целосно стегнете ги. Премачкајте ги со уште јајце и млеко и зашеќерете ги по желба.

chocolate-hand-pies-5-600x900
8. Печете ги 15-18 минути во загреаната рерна, па оставете ги да се изладат 10 минути и полијте ги со чоколаден прелив.

*Чоколаден прелив: растопете ги 60 грама чоколадо и маслото (и лажица путер од кикирики, по желба) на пареа или на многу тивок оган со постојано мешање. Прелијте го врз питите.

chocolate-hand-pies-2-600x900

 

Посни колачи со локум
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пита со карамелизирана тиква
Евтин колач со јаболко (посно)
Колач со круши и бадеми
Цимет ѕвездички
Интегрален колач од јаболки
Торта фантазија
Ролат со кокос
Расолница
Куглов со ореви и чоколадо
Чоколадни кроасани
Рум касато
Торта со цели печени јаболки
Посен колач со јаболко и банана
Кокос коцки
Колач со јаболко
Колач со три слоја
Бели колачиња (посно)
Урма торта со ореви
Посен куглов со суво овошје
Таан баклава
Печени пирошки
Колач со јаболки и ореви
Англиска пита со бадеми
Вештерски прсти
Чоколадна парфе торта со ореви

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: