Состојки
Јагнешко месо Јагнешко месо е производ од јагне-цицач, на возраст од 3 недели до 3 месеци и тежина од 5 до 15 килограми. Може да се набави во текот на целата година, а во нашите предели претставува често консумирано месо поради мекоста, сочноста и деликатниот вкус. Во споредба со други видови месо, јагнешкото содржи помалку маснотии, всушност 70% од маснотиите во јагнешкото месо се состои од незаситени масни киселини поволни за човечкото здравје. Јагнешкото месо ги содржи потребните витамини и минерали во оптимални количини, полесно се вари од говедското месо и содржи помалку холестерол од пилешкото месо. Енергетската вредност се состои од 230 калории на 100 грама месо, каде се наоѓа 65 грама вода, 15 грама масти и 18 грама белковини.    
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: