Состојки
Кари во прав Кари во прав е зачин со жолтопортокалова боја и интензивен вкус составен од микс на други зачини. Потеклото води од Велика Британија, меѓутоа кари во прав е основа на азиската кујна. Имено, зборот кари од кој се создава англискиот збор ''curry'' потекнува од Индија и означува зачинето јадење зготвено од разни видови намирници. Главните зачини од кои се состои карито се коријандер, куркума и ким. Достапен е во текот на целата година и се употребува како зачин во разни солени јадења и десерти, месо, зеленчук, сосови и слично. Кари во прав содржи корисни материи и претставува благотворна состојка. Во 100 грама кари во прав се наоѓаат 33 грама растителни влакна, 592 милиграма бета каротин и 72 милиграма фитостерол. Во индиската медицина се користел како лек за варење, кај болести поврзани со цревата и јетрата.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: