Состојки
Мајоран Листовите од ова растение содржат етерично масло-тимол, горчливи состојки и танин кои ја поттикнуваат работата на жолчката и црниот дроб. Експертите велат дека јадењата со мајоран го поттикнуваат апетитот, помагаат за полесно варење на храната, па затоа треба да се додава во намирници кои потешко се варат (грав, леќа, грашак, боранија, масно месо). Мајоранот е зачин кој ги согорува мастите и не дозволува тие да се складираат во организмот. На тој начин тој помага во одржувањето на нормалната телесна тежина и често се користи при диети. Исто така, мајоранот ја стимулира и работата на бубрезите и исфрлањето на течностите од организмот. Го чисти организмот од отровите и го зајакнува имунитетот. Мајоранот помага и при настинка. Кога сте настинати, попарете свеж мајоран и вдишувајте ја пареата. Овој вкусен и корисен зачин го зајакнува имунитетот, а го подобрува и варењето на храната и ја спречува подуеноста на стомакот и создавањето на гасови.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: