Состојки
Пченка Иако е исклучително здрава намирница, често забораваме да ја вклучиме пченката во нашата исхрана. Сепак, овие жолти плодови кои потекнуваат од Американскиот континент, имаат бројни позитивни својства за нашиот организам. Фактот што содржи голема количина на скроб (73 проценти) ја прави пченката одличен извор на енергија, па е неизоставен дел од исхраната на вегетаријанците. Богата е и со протеини, витамините Е и Б, провитаминот А, растителни влакна, минералите фосфор, калиум и магнезиум, како и шеќери (глукоза, сахароза и фруктоза), заради што дијабетичарите треба умерено да ја консумираат. Интересно кај пченката е тоа што дел од нејзините нутритивни квалитети се зголемуваат со термичка обработка, како на пример антиоксидативната моќ и белковините. Пченката е лековита – помага за детоксикација и излачување на течности, па се препорачува за лекување на болестите на мочните патишта, едема, реума, срцеви заболувања и висок крвен притисок. Експертите советуваат да се консумира и за превенција од некои видови карцином, заради високата содржина на растителни влакна и антиоксидативните својства (ова особено важи за варената пченка). За лековити цели, покрај зрната, се користи и пченкарната свила.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: