Состојки
Целер Целерот е двегодишна зелеста билка со меснат и вретенаст корен кој понекогаш може да биде и сплескан. Стебленцето му е разгрането, а достигнува висина од 40 до 80 сантиметри. Топчестиот плод е ребраст. Некогаш се верувало дека целерот ја подобрува урината. Сега се знае дека успешно ја стимулира размената на материи. Богат е со лимонен, етерични и масни масла. Во коренот има етерично масло, шеќер, апин, аспарагин, тирозин, колин, алосорбусен, пентосан и масти. Лековит дел на билката е коренот на градинарскиот целер. Целерот делува при лечење на астма, воспаление на белите дробови, болест на нервите, уринарниот тракт, бубрезите, против гихт, ревма, за подобрување на апетитот, отстранување на пречки при дигестијата, претерано дебелеење, слабости на желудникот и сите болести кои се појавуваат поради недостаток на основни материи потребни на организмот. Исто така, целерот ја подобрува крвта и нејзината циркулација.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: