Состојки
Црвена пиперка
Црвената пиперка содржи речиси 300 проценти витамин Ц од нашата дневна потреба. Покрај тоа што е моќен антиоксиданс, витаминот Ц е потребен за правилна апсорпција на железото. Црвените пиперки, исто така, се извор на витамин Б6 и магнезиум. Оваа комбинација на витамин и минерал помага против анксиозност, особено во пред менструален синдром. Витаминот Б6 е и диуретик, па со консумирање на црвена пиперка може да ја намалите надуеноста и да спречите хипертензија. Богата е со витамин А кој помага да се одржи видот, особено при ноќно гледање.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти