Состојки
Црвена зелка Црвената зелка е вистински рудник на витамин Ц и К. Витаминот Ц е важен за обнова на колагенот и за протеините кои ни ја прават кожата мазна, а ги одржува здрави и крвните садови на кожата. Исто така, витаминот Ц помага брзо да зарасне осипот. Својата препознатлива боја, црвената зелка ја должи на концентрацијата на антоцијанин, силен антиоксиданс кој има антивоспалителни својства. Со тоа, оваа зелка е поздрава од зелената, бидејќи содржи повеќе фито хранливи материи. Повеќе истражувања покажале дека антоцијанините може да помогнат при намалување на ризикот од срцеви болести, дијабетес, дури и некои видови рак. Овој зеленчук кој е богат со антиоксиданти е идеален за здравата, мека кожа. Постојат студии кои наговестуваат дека црвената зелка помага во градбата на здрав мозок и срце, а и одлична е во согорување на маснотиите, што ја прави идеален прехранбен производ кога сакаме да одржиме витка линија.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: