Состојки
Жалфија
Жалфија (Salvia) е род на растенија во фамилијата усноцветни. Жалфијата се користи како зачинска и медицинска билка, а исто така служи и за добивање на етерични масла. Претставува состојка со доста силен вкус и мирис, па во кулинарството свежите листови од жалфијата се користат при подготовка на јадења од зеленчук, месо, риба, грав, салати и слично, каде претходно се отстрануваат жилавите стебленца и влакнестите делови. Сепак, поради аромата и суптилниот вкус, свежите листови на жалфијата се претпочитаат повеќе од сушените листови во готвењето.
Деловите од жалфијата, без разлика дали свежи или сушени, се богат извор на минерали, како што се: калиум, цинк, калциум, железо, манган, бакар и магнезиум.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти