Состојки
Путер Путерот е млечен продукт добиен по пат на сепарирање на мастите од пресно, најчесто кравјо млеко или павлака, но може да се добие и од овчо, козјо или биволско млеко. Путерот содржи од 50 до 82 % млечни масти и претставува комплекс од добро избалансирани заситени масни киселини, фосфолипиди, витамини, млечни протеини (белки), јаглехидрати. Од витамини во путерот се присутни витамините растворливи во масла А, К, D, Е и тие се во таква форма што добро се усвојуваат од страна на човечкиот организмот. За млечните масти во путерот се знае дека поседуваат ценети биолошки квалитети, тие даваат енергија и топлина на телото, а полезноста на витаминуте присутни во него не е потребно посебно да се нагласува. Тие влијаат на правилен раст на коските, го подобруваат видот и состојбата на кожата и косата. Полезноста на путерот е резултат, покрај другото, и на присуството на фосфолипидите. Тоа се сложени масти кои влегуваат во составот на сите живи ќелии, нервните влакна, а учествуваат во транспорт на мастите, масните киселини и холестеролот. Според тоа, присуството на фосфолипидите во путерот го прави уште покорисен. Путерот е корисен кај личности кои патат од лошо варење на храната во желудникот, а особено е корисен за деца.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 

Регистрирај се

Направи свој кориснички профил

Изјавувам дека горните податоци се точни и ги прифаќам условите за користење и Политиката на заштита на лични податоци на веб страницата moemeni.mk.

Регистрирај се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да:

Најави се

Најави се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да: