Здрав појадок, богат со протеини, јаглехидрати и растителни влакна
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПојадокТИП НА КУЈНА
Здрава хранаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минутиКокосово млеко(1½ Чаша)
Чиа семе(1/4 Чаша)
Екстракт од ванила(1/2 Кафена лажица)
Мед(2½ Супени лажици)
Морска сол(1 Прстофат)
Цимет(1/2 Кафена лажица)
Кокосови снегулки(1/2 Чаша)
Зрела банана(4-5 )
За овој рецепт се потребни помалку од 20 минути
- Во сад ставете го кокосовото млеко, па измешајте ги чиа семките, ванилата, медот, солта и циметот. Мешајте со жица за матење додека убаво се соедини смесата. Додајте уште мед по вкус.
2. Покријте ја смесата со фолија и оставете ја да отстои 6 часа во фрижидер или подобро преку ноќ за да набабрат чиа семките.
3. Во тава на рингла на тивок оган загрејте ги кокосовите снегулки. Печете ги 10-тина минути, мешајте ги повремено додека добијат светлокафена боја. Внимавајте да не изгорат, мешајте ги постојано. Оставете ги настрана да се оладат целосно.
4. Сервирајте го пудингот со чиа семки во чаша, додајте парче банана и украсете со шлаг по желба и со печените кокосови снегулки. Сервирајте веднаш.