Рецепти
Колач од гриз со круши Ана Ѓорова

Послужете го по ручекот со чаша топол чај

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Шеќер(200 Грама)

Масло(50 Милилитри)

Брашно(100 Грама)

Гриз(50 Грама)

Јогурт(200 Милилитри)

Ванилин шеќер(1 )

Прашок за печиво(1 )

Круша(4 )

Јајце(2 )

Бело вино(200 Милилитри)

Каранфилче(5 )

Мармалад од кајсии(200 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 70 минути

  1. Во тенџере со вода на оган додајте го виното. Додајте ги и каранфилчињата и 100 г шеќер.
  2. Крушите излупете ги и варете ги 20 минути во тенџерето, па откако ќе омекнат извадете ги на чинија настрана.
  3. Една крушка изрендајте ја крупно, а 3 круши исечкајте на кришки.
  4. Белките изматете ги со миксер заедно со 50 грама шеќер, па откако шеќерот ќе се растопи, исклучете го миксерот.
  5. Преостанатиот шеќер додајте го во садот со жолчките и матете додека се растопи. Додајте ги ренданите круши, маслото, прашокот за печиво, ванилиниот шеќер, јогуртот, брашното и гризот, па промешајте.
  6. Потоа во садот со жолчки додајте ги и изматените белки и мешајте додека целата смеса се соедини.
  7. Ставете ја смесата во тркалезна тава за печење обложена со хартија за печење. Врз неа наредете ги крушите и убаво притиснете ги со лажица за да навлезат во смесата.
  8. Печете го колачот 30 минути во рерна на 200 степени.
  9. Оставете го колачот малку да се подолади, премачкајте го со мармалад и пресечете.
Посни колачи со локум
Дроб во кошулица
Пилешки дроб и срца
Шарена обланда
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Пилешки џигер во пиво
Интегрален колач од јаболки
Ролат со кокос
Пита со кисела зелка
Куглов со ореви и чоколадо
Пача
Тава со свинско месо и печурки
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Благи кифлички со вино
Ленени погачици
Салата со праз и сирење
Посен колач со јаболко и банана
Сир тостерки
Кокос коцки
Штрудлички со јаболко (посно)
Колач со јаболко
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: