Рецепти
Колач со чоколадо Ана Ѓорова

Колач кој може да го подготвите како благ појадок со чаша млеко или кафе, или пак, за вкусен десерт – секако е вкусен и лесен за подготвување

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(3 )

Шеќер(125 Грама)

Путер(100 Грама)

Јогурт(150 Грама)

Брашно(200 Грама)

Прашок за печиво(1 Пакување)

Млеко(1/2 Чаша)

Млечно чоколадо(100 Грама)

Шеќер во прав

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 55 минути

  1. Изматете ги јајцата и шеќерот со миксер додека добиете пенаста, хомогена смеса.
  2. Додајте го јогуртот и путерот (претходно треба да биде малку омекнат на собна температура).
  3. Продолжете да ја матите смесата со миксер и постепено додавајте ги брашното и млекото, во кое претходно го измешавте печивото.
  4. Чоколадото исечкајте го или издрендајте го на крупно и ставете го во смесата. Повторно измешајте.
  5. Смесата претурете ја во четвртаст калап за торти и колачи и печете го колачот додека да добие убава светлокафеава боја.
  6. Печениот колач извадете го од калапот, оставете го да се подолади, посипете со шеќер во прав и послужете.
Банана залчиња
Дроб во кошулица
Овесни барови со јаворов сируп
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Посна сарма со праз и шампињони
Филе Велингтон
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Ролат со цимет и суво грозје
Чоколадни бомбици со авокадо
Блага тиква со мед и ореви (посно)
Јагнешка чорба
Солени бомбици од сирење
Пита со јајца и кајмак
Печен ролат од свинско каре
Торта со печурки
Полнети телешки шницли
Крокети од полнети јајца
Банана бомбици со гранола
Солен колач праз и сирење
Домашен крем од кикирики
Лажни лазањи со зелка и колбаси
Кифли со виршла и кашкавал
Романски качамак
Чоколадни коцки со црн грав
Вегетаријански лазањи
Солена пита со маслинки
Полнет леб
Печена скуша (посно)
Тава пилешко со бешамел сос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: