Рецепти
Колачиња со мармалад и бадеми Ана Ѓорова

Мини чајни колачиња со мармалад од кајсии и бадеми

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(250 Грама)

Путер(200 Грама)

Шеќер во прав(70 Грама)

Жолчка од јајце(1 )

Мармалад од кајсии(100 Грама)

Сол

Бадеми(40 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Брашното измешајте го со шеќерот во прав, солта и путерот (што претходно го извадивте од фрижидер да омекне и го исечкавте на парчиња). Измешајте ја смесата и замесете меко тесто.
  2. Тестото расукајте го врз набрашнета површина со дебелина околу 3 мм и од него исечете околу 30-тина мали крукчиња (ако немате форми за колачи, сечете со чашка за ракија или друга помала чаша).
  3. Изматете со вилушка една жолчка од јајце со малку вода, па премачкајте пола од крукчињата.
  4. Лупените бадеми исечкајте ги ситно и извалкајте ги во нив крукчињата со жолчка за да се залепат.
  5. Сите крукчиња ставете ги во намастен плех и печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 10-15 минути, па оставете ги да се оладат.
  6. Крукчињата без бадеми намачкајте ги со мармалад и преклопете ги со крукчињата со бадеми. Притиснете нежно и послужете ги колачињата.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: