Рецепти
Лиснати ролнички со кромид и сланина Ана Ѓорова

Супер се за секаква пригода – кој ќе ги проба, ќе се воодушеви

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(500 Грама)

Млад кромид(3 )

Димена сланина(250 Грама)

Јајце(1 + 1 жолчка за премачкување )

Маргарин(150 Грама)

Сирење(200 Грама)

Квасец(1 свеж )

Млеко(250 Милилитри)

Масло

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 120 минути

  1. Во садот со брашното додајте 1 јајце и изронетиот квасец.
  2. Посолете, додајте го млекото и со рака замесете тесто, па оставете го да стасува 30 минути.
  3. Младиот кромид ситно исечкајте го и пржете го на загреано масло во тава на оган. Зачинете со сол, бибер и измешајте.
  4. Во длабок сад изгмечете го сирењето, додајте го маргаринот и мешајте да се соединат.
  5. На набрашнета работна површина замесете го стасаното тесто и расукајте кора.
  6. Кората премалкајте ја со 1/3 од мешавината од сирење и маргарин.
  7. Преклопете ја кората неколку пати и на набрашнета чинија ставете ја да отстои во фрижидер 20 минути.
  8. Истата постапка повторете ја уште двапати.
  9. Потоа на набрашнета површина со сукало повторно развлечете кора и исечете ја на правоаголни парчиња.
  10. Врз секое парче ставете по една лента сланина. На едниот крај ставете од испржениот млад кромид и свиткајте ги ролните како кифлички.
  11. Редете ги во тава за печење обложена со хартија за печење и премачкајте ги со изматена жолчка. Одозгора може да наросите сусам, крупна сол или ким.
  12. Печете ги во рерна на 180 степени околу 30 минути.
Посни колачи со локум
Дроб во кошулица
Пилешки дроб и срца
Шарена обланда
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Пилешки џигер во пиво
Интегрален колач од јаболки
Ролат со кокос
Пита со кисела зелка
Куглов со ореви и чоколадо
Пача
Тава со свинско месо и печурки
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Благи кифлички со вино
Ленени погачици
Салата со праз и сирење
Посен колач со јаболко и банана
Сир тостерки
Кокос коцки
Штрудлички со јаболко (посно)
Колач со јаболко
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: