Рецепти
Модри патлиџани во рерна
Сигурно знаете веќе многу рецепти, но испробајте го и овој декоративен и вкусен рецепт за модри патлиџани во комбинација со домати, шунка и кашкавал
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
2 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 70 минути
- Модрите патлиџани измијте ги, исчистете ги од дршката, не ги лупете и исушете ги со кујнска крпа. Потоа исечете ги со нож на површината, но внимавајте да оставите неколку сантиметри на дното.
- Шунката, кашкавалот и доматот исечете ги на тенки парчиња, па потоа преполовете ги.
- Во секој засек на модрите патлиџани, ставете по парче шунка, кашкавал и домат и повторете ја постапката додека да ги потрошите сите состојки.
- Модрите патлиџани ставете ги во плех врз намастена хартија за печење, премачкајте ги со малку масло и печете ги во рерна на 200 степени, 50 минути.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во