Рецепти
Ориз со печурки Ана Ѓорова

Вкусно јадење на едноставен начин. Подгответе го за лесен оброк или како гарнир

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Ориз(150 Грама)

Кромид(1/2 Главица)

Масло(1 Супена лажица)

Маринирани шампињони(1 Шака)

Магдонос(1/2 Китка)

Црвен пипер(1 Супена лажица)

Бибер

Сол

Бело вино(30-50 Милилитри)

Коцка за супа-бујон(1 )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути

  1. Во тенџере со 1 л вода сварете ја коцката за супа.
  2. Во тава на оган загрејте го маслото и пржете го кромидот со 1/2 лажица црвен пипер, сол и бибер по вкус додека убаво да омекне, околу 5 минути.
  3. Оризот измијте го и исцедете го, па ставете го во тавата и пржете го 5-10 минути убаво да се запржи. Мешајте повремено да не се залепи на тавата. Додајте и половина од сечканиот магдонос.
  4. Откако и оризот ќе се пропржи, во тавата налејте околу 2 кутлачи од сварената супа и белото вино.
  5. Зачинете повторно со останатиот црвен пипер и со сол и бибер и варете го оризот. По потреба додавајте уште супа.
  6. При крајот додајте го останатиот сечкан магдонос и сечканите маринирани шампињони од тегла и убаво промешајте, па гответе уште 5 минути да впијат сите вкусови.
Кесадии со туна
Ориз со печурки
Просо со брокула (посно)
Сикма
Фритата со домат, туна и сирење
Палачинки со спанаќ и кашкавал
Потпечена блитва со сирење
Палачинки со туна
Октопод со компири и лимон
Кускус со риба
Палачинки со зеленчук
Сендвичи со туна и сос од маслинки
Тарт со тиквички
Плескавици од компири
Сендвичи од палента
Брускети со тиквички
Пикантни брускети
Тиквички со павлака и лук
Палачинки со тиквички
Запиеканка со печурки ( Zapiekanka z pieczarkami )
Кремасто рижото со тиквички
Полнети пиперки со кускус
Кнедли со млеко (Kluski z mlekiem)
Солен колач со зеленчуци
Солен колач од туна
Клуб сендвич
Рижото со домати и маслинки
Вегетаријански тортиљи
Кускус со спанаќ
Киноа со зеленчук

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: