Рецепти
Непечена торта со праски и банaни Ана Ѓорова

Брза и лесна торта што е одлична за освежување во летните денови

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Бисквити(36 )

Банана(2 )

Праска(3 )

Слатка павлака(300-350 милилитри (шлаг-крем) )

Вода(200 милилитри млака )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 25 минути

  1. Овошјето се чисти од лушпите и од семките и се сече на тенки парчиња. Освен банани и праски може да изберете овошје по желба: малини, јагоди, киви, јаболко, круша. За да не потемнуваат, парчињата овошје може да се потопат во сок од лимон.
  2. Се мати слатката павлака во шлаг-крем до потребната цврстина.
  3. Бисквитите се потопуваат во млака вода (не премногу ладна, ниту топла) и се редат 3х4 реда. Како замена за вода може да се користи млеко или вода со лажичка рум или мастика за арома.
  4. Наредените бисквити се премачкуваат со шлаг, се редат кругови банани, потоа повторно шлаг за да се покрие овошјето и да се залепи следниот слој бисквити.
  5. Се повторува истата постапка: бисквити, шлаг, праски, шлаг и се реди последниот слој бисквити.
  6. Се филува со шлаг и се украсува целата торта со помош на готварски шприц, а одозгора може да се декорира по желба со парчиња овошје или со рендано чоколадо и медени срца.
  7. Тортата се става неколку часа во фрижидер за да се излади, па се послужува.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: