Рецепти
Омлет торта
Слоевита торта од тиквички и пиперки со намаз од сирење што ќе ја обожавате
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПојадокТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
5 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Тиквичка(2 )
Црвена пиперка(7 )
Лук(5 Чешниња)
Кромид(1 Главица)
Јајце(10 )
Сирење(400 Грама)
Урда(150 Грама)
Павлака(400 Милилитри)
Млеко(100 Милилитри)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути
- Тиквичките ситно се сечкаат и заедно со сечканиот лук се пропржуваат колку да омекнат. Потоа се оставаат да се оладат.
- Пиперките се печат, се лупат и се сечкаат.
- Кромидот се сечка и се пропржува со пиперките.
- Во тиквичките се кршат 5 јајца, се става 50 мл млеко и се зачинува со сол и бибер.
- Потоа од оваа смеса со тиквички посебно се пржат 2 омлета.
- И во пропржените пиперки се ставаат 5 јајца и малку млеко, па и од оваа смеса се пржат 2 омлета.
- Во друг сад се дроби сирењето, се додаваат урдата, магдоносот, малку копар и заедно сè се меша со павлаката.
- На чинија се става првиот омлет од пиперки, па се премачкува со смесата од сирење и павлака, потоа се става вториот омлет и се премачкува со смесата. Постапката се повторува уште еднаш.
- Тортата може да ја премачкате и од страна или целата со павлака и да ја декорирате по желба.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во