Рецепти
Омлет торта Ана Ѓорова

Слоевита торта од тиквички и пиперки со намаз од сирење што ќе ја обожавате

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Тиквичка(2 )

Црвена пиперка(7 )

Лук(5 Чешниња)

Кромид(1 Главица)

Јајце(10 )

Сирење(400 Грама)

Урда(150 Грама)

Павлака(400 Милилитри)

Магдонос

Копар

Млеко(100 Милилитри)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Тиквичките ситно се сечкаат и заедно со сечканиот лук се пропржуваат колку да омекнат. Потоа се оставаат да се оладат.
  2. Пиперките се печат, се лупат и се сечкаат.
  3. Кромидот се сечка и се пропржува со пиперките.
  4. Во тиквичките се кршат 5 јајца, се става 50 мл млеко и се зачинува со сол и бибер.
  5. Потоа од оваа смеса со тиквички посебно се пржат 2 омлета.
  6. И во пропржените пиперки се ставаат 5 јајца и малку млеко, па и од оваа смеса се пржат 2 омлета.
  7. Во друг сад се дроби сирењето, се додаваат урдата, магдоносот, малку копар и заедно сè се меша со павлаката.
  8. На чинија се става првиот омлет од пиперки, па се премачкува со смесата од сирење и павлака, потоа се става вториот омлет и се премачкува со смесата. Постапката се повторува уште еднаш.
  9. Тортата може да ја премачкате и од страна или целата со павлака и да ја декорирате по желба.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: