Рецепти
Пикантни брускети
Превкусни печени лепчиња со намаз од модри патлиџани за предјадење или лесна вечера
ТИП НА РЕЦЕПТ
ВечераТИП НА КУЈНА
ЕвропскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
2 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Багет(8-10 )
Модар патлиџан(3 )
Црвен пипер(1 Кафена лажица)
Буковец(малку )
Кумин(1/4 Кафена лажица)
Маслиново масло(6 Супени лажици)
Лук(1 Чешне)
Сечкан магдонос(2 Супени лажици)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути
- Модриот патлиџан исечете го на парчиња со дебелина од околу 1,5 см, посипете ги со сол и оставете ги врз цедалка за да впијат околу 1 час.
- Потоа печете ги во рерна или на скара додека убаво омекнат.
- Печените модри патлиџани ставете ги во блендер заедно со останатите состојки (освен лукот и магдоносот) и блендирајте додека добиете хомогена смеса.
- Добиената смеса оставете ја да одмори 30 минути, па посипете ја со сол и бибер.
- Лепчињата (багет или обични кришки леб преполовени) печете ги на скара од двете страни додека станат крцкави.
- Излупеното чешне лук истругајте го врз лепчињата (тоа ќе им даде одличен шмек).
- Потоа одозгора ставете го намазот од модри патлиџани, посипете со сечкан магдонос и послужете ги лепчињата веднаш.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во