Рецепти
Пире од карфиол
Послужете го како гарнир со риба или месо – ќе се изненадите од вкусот
ТИП НА РЕЦЕПТ
УжинаТИП НА КУЈНА
ВегетаријанскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
2 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Карфиол(1 Главица)
Лук(2 Чешниња)
Кисела павлака(1 Супена лажица)
Путер(1 Супена лажица)
Сол(2 неполни лажички )
Бибер(2 неполни лажички )
Рендан пармезан(1 Супена лажица)
Сечкан магдонос(1 Супена лажица)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути
- Исчистете го карфиолот, отстранете ги листестите делови и измијте го, па исечкајте го на ситно.
- Ставете го во големо тенџере и полијте со вода колку да се покрие карфиолот.
- Зачинете со сол и бибер, покријте со капак и варете го карфиолот 25 минути или додека омекне.
- Исцедете го и ставете го во блендер со останатите состојки (освен магдонос и пармезан).
- Изблендирајте додека добиете кремаста смеса и послужете го со сечкан магдонос и рендан пармезан.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во