Рецепти
Полнети плетенки
Домашно печиво со фил по желба што може да го подготвите за појадок, вечера или ужина
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПојадокТИП НА КУЈНА
Бабина кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
8 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Млеко(250 Милилитри)
Шеќер(1 Супена лажица)
Квасец(1 коцка )
Брашно(1 Килограм)
Прашок за печиво(1 )
Јајце(2 )
Јогурт(200 Милилитри)
Сол(3 Супени лажици)
Масло(3 Супени лажици)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути
- Квасецот се расопува во млако млеко, се остава кратко, па се меша заедно со сите останати состојки и се замесува тесто.
- Тестото се остава да отстои за да стаса.
- Потоа се дели на два дела и од секој дел се сука кора во форма на голем правоаголник.
- Правоаголникот се дели на 8 правоаголници.
- Секој правоаголник од страните се засекува преку средината и се прават ленти.
- Се премачкува со кечап и се става во средината фил (рендана салама, може праз и печурки, или туна)
- Засечените делови наизменично се преклопуваат од лево кон десно.
- Се премачкуваат со жолчка, се става сусам и се печат половина час на 200 степени.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во