Рецепти
Салата од суви пиперки, компир и праз (посно) Ана Ѓорова

Прекрасна и едноставна салата од македонската кујна која е погодна за секоја пригода – свечена, за слави или за празници

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Компир(2 големи, околу 700 грама )

Сува везена црвена пиперка(5 )

Праз(60-80 Грама)

Масло(4 Супени лажици)

Оцет(2 Супени лажици)

Сол(1 Кафена лажица)

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути

  1. Компирот не го лупете и ставете го да се вари. Откако ќе се свари, оставете го малку да се подолади, па излупете го и исечете го на крупно или грубо иситнете го со вилушка.
  2. Сувите пиперки ставете ги во зовриена вода на оган и варете ги околу 5 минути. Потоа извадете ги од водата, поминете ги низ млаз ладна вода и исцепкајте ги на ситни парчиња.
  3. Празот исечкајте го на кругови или коцкички, но повеќе зелениот отколку белиот дел.
  4. Во чинија за послужување измешајте ги топлите компири, сувите пиперки и празот. Посолете и забиберете по вкус и додајте го маслото и оцетот. Компирот впива од солта, така што посолете и пробајте дали е доволно.
  5. Салатата сервирајте ја топла или ладна.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: