Рецепти
Сарма од риба Ана Ѓорова

Сарма на необичен начин со рибји филети и интересно-вкусен сос од доматно пире и сланина

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Ловоров лист(1 Лист)

Сол(1 Кафена лажица)

Бибер(1 Кафена лажица)

Рибји филети(250 Грама)

Кељ(1 Главица)

Леб(2 Парчиња)

Кромид(1 Главица)

Доматно пире(1 Супена лажица)

Лук(3 Чешниња)

Димена сланина(100 Грама)

Лимон(1 )

Морско оревче(1 Кафена лажица)

Рендана кора од лимон(1 Кафена лажица)

Млеко(1 Децилитар)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Исечете ги рибјите филети на коцки и ставете ги во сад настрана.
  2. Во друг поголем длабок сад ставете ги издробените парчиња леб, ситно исечканиот лук, половина главица исечкан кромид и млеко и додајте ги филетите. Зачинете со рендано морско оревче и рендана кора од лимон, а потоа додајте сол и бибер по вкус. Сè убаво промешајте.
  3. Главицата кељ разлистајте ја и отсечете и ги кочаните. Измијте ги листовите кељ, исцедете ги и ставете ги во зовриена вода да се обарат. Притискајте ги со лажица одозгора за да бидат покриени во водата и поклопете со капак.
  4. Обарените листови кељ филувајте ги со претходно подготвениот фил и виткајте сарми.
  5. Така подготвените сарми ставете ги во огноотпорен сад и прелијте ги со сос кој ќе го подготвите на следниот начин: во сад измешајте доматно пире и вода, префрлете го разреденото пире во друг сад и додајте уште малку вода, па промешајте.
  6. Врз сармите со сос распоредете ги парчињата сланина и ставете ги да се печат 30-тина минути на температура од 225°C.

Послужете ги сармите од риба со дополнителни парчиња сланина и сосот во кој се подготвуваа и декорирајте по желба со неколку парчиња лимон.

Јафа бомбици
Банана лепче
Ванила бомбици
Колачиња со банана и урми
Пилешки дроб и срца
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Вкусна димена салама
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Крем салата со колбаси
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Тестенини со сос од туна
Лепчиња со лук и магдонос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: