Рецепти
Солена торта од палачинки со спанаќ (хроно) Ана Ѓорова

Гурмански појадок од палачинки со фил од спанаќ, сирење и јајца. Наместо палачинки, може да употребите и готови кори од хељда.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(150 Грама)

Сол(1/2 Кафена лажица)

Масло(2 Супени лажици)

Јајце(5 )

Газирана вода(по потреба )

Рикота сирење(400 Грама)

Спанаќ(200 Грама)

Белка од јајце(1 )

Бибер

Сол

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Пригответе смеса за палачинки од 1 јајце, брашно, сол, малку масло и газирана вода. Испечете 10-тина палачинки на класичен начин.
  2. Измијте го спанаќот и исечкајте го на ситно. Измешајте ги сирењето и спанаќот, додајте сол и бибер по вкус и една белка за да ја спои смесата.
  3. Обложете тркалезен калап за торта со дијаметар 20 см со палачинките, така што да се поклопуваат и да преминуваат врз работ на калапот.
  4. Истурете ја приготвената смеса и распоредете ја убаво. Направете вдлабнатини со лажица и во секоја искршете по едно јајце. Покријте со една цела палачинка и краевите префрлете ги навнатре.
  5. Печете во загреана рерна на 200°C околу 30 минути. Оставете ја тортата да се олади и внимателно свртете ја. Исечете на парчиња и послужете.

 

Овошен киноа појадок
Овесни палачинки со банана
Здрава проја со тиквички
Овесни колачиња
Чоколаден чиа пудинг со портокал
Ленени погачици
Палачинки од сладок компир
Утринска каша од овес и чиа
Корнфлекс пита
Чиа пудинг со банани
Смути во чинија со шумско овошје
Проја мафини со брокула
Солени крофни
Мафини со рибизли
‘Ржан леб со семки од тиква
Полнети проја погачки
Вафли со боровинки
Растурен омлет со печурки и со гауда
Мини палачинки со спанаќ
Двоен солен ролат
Мафини со јаболки и моркови
Омлет со печурки и чадена сланина
Кифли со виршла и кашкавал
Домашна гужвана пита
Куглов колач со јогурт
Тесто без јајца
Воден бурек
Пекарски земички
Мафини со јајца и зеленчук
Печурки со спанаќ и пилешко

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: