Рецепти
Супа од пилешки дроб Ана Ѓорова

Едноставна и класична супа со одличен вкус

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пилешки џигер(300 Грама)

Компир(1 )

Морков(2 )

Јајце(1 )

Целер(2 Гранчиња)

Свеж магдонос

Брашно(1 Супена лажица)

Алкохолен оцет(1 Супена лажица)

Вегета(1 Супена лажица)

Коцка за супа-пилешка(1 )

Масло

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Пилешкиот дроб исечкајте го на парчиња и ставете го во тенџере со загреана вода на оган.
  2. Откако водата ќе зоврие, содржината од тенџерето истурете ја во цедалка.
  3. Исцедениот дроб вратете го во тенџерето и додајте му 1 л вода, па вратете го на оган и варете го.
  4. На крупната страна од рендето изрендајте ги морковите и компирот (лупени), па пржете го морковот на загреано масло во тава на оган.
  5. Откако ќе омекнат морковите, додајте го ренданиот компир и измешајте.
  6. Во тавата со запржениот зеленчук додајте го брашното и мешајте со лажица.
  7. Откако брашното ќе се запржи, додајте во тавата 700 мл од водата во која се вари дробот.
  8. Целерот и магдоносот ситно исечкајте ги и додајте ги во тавата.
  9. Додајте ја коцката за супа, вегетата, сол, бибер и измешајте.
  10. Содржината од тавата додајте ја во тенџерето со полусварениот дроб, промешајте, варете 20 минути и тргнете го тенџерето од оган.
  11. Во длабок сад со жица изматете го јајцето, додајте го оцетот и 2 лажици масло, па зачинете со бибер и промешајте.
  12. Непрекинато мешајте со жицата и додајвајте 3 црпалки од супата, па послужете.

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: