Рецепти
Торта од лешници Ана Ѓорова

Прекрасна торта за љубителите на лешници

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(120 Грама)

Прашок за печиво(1 Кафена лажица)

Шеќер во прав(300 Грама)

Ванилин шеќер(2 Пакувања)

Јајце(3 )

Вода(3 Супени лажици)

Лешник(30 Грама)

Млеко(1/4 Литар)

Пудинг од лешник(1/2 Пакување)

Маргарин(150 Грама)

Мелени лешници(30 Грама)

Слатка павлака(1/8 Литар)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути

  1. Жолчките, 3 лажици врела вода, 150 грама шеќер во прав и 1 ванилин шеќер пенасто изматете ги со миксер додека смесата не се згусне.
  2. Во посебен сад изматете ги белките во цврст снег, измешајте ги со брашното и прашакот за печиво и целата смеса додајте ја со жолчките.
  3. Додајте и 30 грама исечкани лешници и промешајте со лажица.
  4. Тестото распоредете го во плех врз намастена хартија за печење и печете го на умерена температура.
  5. Кога ќе се испече, извадете му ја хартијата и оставете го на работната маса да се олади.
  6. Во меѓувреме подгответе крем: пудингот сварете го во врелото млеко според упатството на пакувањето, а потоа оставете го да се излади.
  7. Маргаринот пенасто изматете го, додајте ги мелените лешници и потоа лажица по лажица додавајте го и оладениот пудинг. Мешајте долго додека не добиете кремаста смеса.
  8. Оладениот пандишпан пресечете го на три еднакви дела. Намачкајте ги со кремот и ставете ги парчињата еден врз друг.
  9. Тортата намачкајте ја со крем и од надворешната страна.
  10. Пенасто изматете ја слатката павлака со 1 ванилин шеќер и декорирајте ја тортата. Украсете и со парчиња лешник.
  11. Оставете ја тортата еден час во фрижидер, а потоа исечете ја на еднакви парчиња и послужете ја.
Весела торта
Пуслици со ореви
Посни медени колачи
Суви колачи со лешници
Овошна векна
Колач од дуњи
Шеќерни јаболки
Лимон-колач
Руски колач со афион
Чоколаден куглоф
Туткана гибаница
Посен колач со кафе
Посен колач со мармалад од сливи
Колач со медени срца
Цимет ролнички со бадеми
Жолт куглов колач
Бисквит торта со јаболки
Пудинг колач со јаболки
Колач од моркови со крем
Чоколаден колач со јаболки и ореви
Еврејски колач
Француски штангли
Штангли со костен и чоколадо
Алегро колач
Бабин колач со јаболко
Блум штангли
Шербет пита со јаболки
Баклава со рогач и јаболки
Улутма од ореви
Лешник коцки

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: