Рецепти
Торта со јаболки и чоколадна глазура Ана Ѓорова

Неодолива торта со фил од јаболки, бисквити и пудинг за вкусен десерт

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(4 )

Шеќер(200 грама + 8 лажици )

Ванилин шеќер(4 Пакувања)

Масло(1 Чаша)

Мелени лешници(1 Чаша)

Прашок за печиво(1 Пакување)

Брашно(4 Супени лажици)

Јаболко(5 )

Цимет(1 Супена лажица)

Коњак(3 Супени лажици)

Пудинг од ванила(1 Пакување)

Бисквити(200 Грама)

Црно чоколадо(100 Грама)

Масло

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 100 минути

Пандишпан

  1. Изматете ги јајцата со 4 лажици шеќер додека шеќерот се растопи, а потоа додајте ги лешниците, 2 ќесички ванилин шеќер, прашокот за печиво, 1 чаша масло и 4 лажици топла вода.
  2. Измешајте со лажица додека смесата се соедини и ставете ја во тркалезен калап обложен со хартија.
  3. Печете 30 минути во рерна на 180 степени.

Фил

  1. Во тенџере на оган варете ги јаболките (излупени и исечкани на коцки) и додајте 1 литар вода и 2 лажици шеќер.
  2. Со лажица решетка ставете ги сварените јаболки во друго тенџере, а 500 мл од водата во која се вареа во мензура.
  3. Во тенџерето додајте 2 лажици шеќер, 1 лажица коњак, циметот и 2 ќесички ванилин шеќер.
  4. Во друго тенџере на оган ставете 300 мл од водата во мензурата и 200 г шеќер.
  5. Во мензурата додајте го прашокот за пудинг и мешајте со жица.
  6. Потоа непрекинато мешајте со жицата и додавајте го размешаниот пудинг во тенџерето на оган додека ја добие потребната густина.

Финална постапка

  1. Пандишпанот исечете го на два дела: првата кора попрскајте ја со коњак и нанесете половина од филот, а врз него половина од пудингот, па наредете ги бисквитите.
  2. Прекријте ги со преостанатиот фил и врз него преостанатиот пудинг и поклопете со втората кора и попрскајте со коњак.
  3. Одозгора премачкајте ја целата торта со прелив: на оган во тенџере растопете го чоколадото со 2 лажици масло.
  4. Декорирајте ја тортата со кришки јаболки или со јатки по желба и послужете откако глазурата ќе се стврдне.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: