Рецепти
Торта со јатки и чоколадо Ана Ѓорова

Вкусна торта со неодолив вкус и чоколаден фил со која нема да погрешите

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(12 )

Шеќер(350 Грама)

Ванилин шеќер(2 Пакувања)

Мелени лешници(100 Грама)

Мелени бисквити(50 Грама)

Мелени бадеми(100 Грама)

Брашно(1 Супена лажица)

Маргарин(150 Грама)

Црно чоколадо(150 Грама)

Слатка павлака(150 Милилитри)

Инстант кафе во прав(2 Супени лажици)

Шеќер во прав(2 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 120 минути

Пандишпан

  1. Осум јајца се матат со миксер заедно со 200 г шеќер и 1 пакување ванилин шеќер додека шеќерот се растопи.
  2. Потоа се додаваат лешниците, бадемите, бисквитите и брашното и се меша да се соедини смесата.
  3. Смесата се распоредува во 3 тркалезни калапи обложени со хартија за печење и се печат 30 минути на 180 степени.

Фил

  1. Во тенџере на оган со жица мешајте 4 јајца, 150 г шеќер и 1 пакување ванилин шеќер додека кремот ја добие потребната густина.
  2. Откако ќе згусне кремот, тргнете го тенџерето од оган и во него измешајте го чоколадото на парчиња да се растопи. Се остава да се излади.
  3. Во посебен сад со миксер пенасто се мати маргаринот и се соединува со изладениот крем.

Финална постапка

  1. Пандишпаните се филуваат со кремот, така што првиот пандишпан се премачкува со фил, па се поклопува со вториот пандишпан.
  2. На крај се завршува со пандишпан, па целата торта се премачкува со чоколаден фил.
  3. Во сад за матење со миксер се матат слатката павлака и шеќерот во прав додека да се добие потребната цврстина.
  4. Тортата се посипува или со какао или со инстант кафе во прав и се декорира со шлаг со помош на готварски шприц.
Посни колачи со локум
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пита со карамелизирана тиква
Евтин колач со јаболко (посно)
Колач со круши и бадеми
Цимет ѕвездички
Интегрален колач од јаболки
Торта фантазија
Ролат со кокос
Расолница
Куглов со ореви и чоколадо
Чоколадни кроасани
Рум касато
Торта со цели печени јаболки
Посен колач со јаболко и банана
Кокос коцки
Колач со јаболко
Колач со три слоја
Бели колачиња (посно)
Урма торта со ореви
Посен куглов со суво овошје
Таан баклава
Печени пирошки
Колач со јаболки и ореви
Англиска пита со бадеми
Вештерски прсти
Чоколадна парфе торта со ореви

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: