Состојки
Пиво
Пивото изобилува со вода, витамини и минерали. Ги содржи витамините од Б групата (Б1, Б2, Б3, Б6), а од минералите содржи магнезиум, калиум, калцим, цинк и железо. Пивото е богат извор на јаглехидрати, протеини, фалвоноиди и антиоксиданси. Според тоа може да се каже дека умереното консумирање на овој пијалак е добро не само како прехрамбен продукт, туку и како лековит напиток. Пивото има многубројни бенефити: го поттикнува апетитиот и варењето на храната, ја намалува можноста за формирање на бубрежни каменчиња, има диуретско и антисептичко дејство, поволно делува на психата и поттикнува добро расположение, делува на прокрвеноста, циркулацијата на крвта и крвниот притисок, количината на шеќери и масти во крвта. Ги штити коските, нервите и мускулите и го намалува ризикот за појава на жолчни камења. Пивото е добро за здравјето на кожата, косата и ноктите и помага при слабеењето бидејќи овозможува лесно одвојување на мастите и водата од организмот.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти