Состојки
Црн лук Од неодамна, црниот лук станува популарна намирница во гастрономските кругови и полињата на алтернативна медицина. Оваа нова трендовска сорта на лук за првпат се појавува пред околу 6 години кога Корејците го претставуваат на светот. И тоа не е некаква нова сорта кога Корејците ја измислиле во некоја лабораторија, туку тие едноставно биле доволно стрпливи да ја почекаат неговата долга ферментација. Црниот лук веќе си го зазеде местото во светската гастрономија со благиот, сирупест вкус со жички на балсамиран оцет, но и алтернативната медицина од неодамна почна да му препишува бројни позитивни својства. Долгиот процес на ферментација создава супер – лук кој има канцер протективни влијанија и ги намалува нивоата на холестерол. Исто така, докажано е дека црниот лук содржи двапати повеќе антиоксиданси од белиот и со тоа може да помогне во превенцијата на голем број на хронични заболувања влегувајќи во битка со слободните радикали.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: