Рецепти
Пилешки бургер со јајце Ана Ѓорова

Пилешки плескавици со зеленчук во рерна, со јајце во средината. Послужете ги во бургер леб со свежа салата од зелка или краставица.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пилешко месо(550 Грама)

Зелена пиперка(1 )

Црн лук(1 Главица)

Лук(2 Чешниња)

Презла(3 Супени лажици)

Сода бикарбона(1/4 Кафена лажица)

Газирана вода(1 Децилитар)

Јајце(8 )

Масло(1-2 Супени лажици)

Сол(1 Прстофат)

Бибер(1 Прстофат)

Бургер леб(4 Парчиња)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Пилешкото месо и пиперката сомелете ги, црниот лук ситно исечкајте го и белиот лук испасирајте го.
  2. Соединете го меленото месо, сечканиот лук, презлата, сода бикарбоната, мелената пиперка и зачините по вкус. Измешајте убаво со дланките за да добиете хомогена смеса, а потоа постепено додавајте малку кисела вода и мешајте додека не се впие водата. Добиената смеса покријте ја со фолија и оставете да отстои во фрижидер.
  3. Откако смесата ќе отстои, со дланките формирајте бомбици со големина на мала праска. Од бомбиците, обликувајте плескавици и ставете ги во обложен плех со хартија за печење кој претходно го намастивте со масло.
  4. Употребете помала округла модла и извадете ја средината на плескавицата или исечете круг во средината со помош на нож. Така подготвените плескавици, печете ги во загреана рерна на 200°C додека месото не зарумени.
  5. Потоа извадете ги плескавиците од рерна, па во средина на секоја скршете по 1 јајце и вратете ги уште кратко во рерна додека јајцата не се испечат. Послужете ги во бургер леб и свежа салата по избор.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: