Состојки
Црвено вино
Црвеното вино содржи флавоноиди, кои се наоѓаат и во грејпфрутот и во какаото, а кои делуваат како силен антиоксиданс и го намалуваат нивото на лошиот холестерол. Антиоксидансите во црвеното вино кои се викаат полифеноли, помагаат во заштита на крвните садови, а со тоа и на срцето. Кожата од црвеното грозје е заслужна за намалување на нивото на шеќер во огранизмот. Тоа е богато со ресвератрол кој помага при регулирање на шеќерот во крвта, што е особено важно за дијабетичарите. Освен што го намалува крвниот притисок и го регулира шеќерот, ресвератролот помага и кај помнењето. Виното ја подобрува циркулацијата што предизвикува и подобра работа на мозокот. Црвеното вино содржи пицеатанол – состојка која го подобрува варењето. Особено се препорачува да се консумира за време на оброкот бидејќи со својата киселина го достигнува нивото на киселината на желудочниот сок и така придонесува до подобро варење на храната.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти