Рецепти
Јунешки гулаш во црвено вино Ана Ѓорова

Бабин рецепт за гулаш што можеби подолго се подготвува, но е многу вкусен

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Говедско месо(или јунешко (кртина) 800 грама )

Целер(5-6 рачки )

Кромид(2 Главици)

Сенф(2 Супени лажици)

Морков(2 )

Рузмарин(2 Гранчиња)

Ловоров лист(2 )

Лук(2 Чешниња)

Вегета(1 Супена лажица)

Црвено вино(300 Милилитри)

Доматен сос(250 Милилитри)

Маслиново масло

Сол

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 180 минути

  1. Месото исечкајте го на коцки и посолете го. Промешајте ги парчињата месо за да впијат од солта и ставете ги во длабока чинија.
  2. Додајте ги сенфот, ситно сечканото чешне лук, листовите од гранчето рузмарин и 100 мл маслиново масло. Промешајте и оставете го месото 2 часа да отстои во маринадата.
  3. На загреано маслиново масло во тенџере на оган испржете го месото, мешајте со лажица, па откако ќе порумени со лажица решетка ставете ги на чинија.
  4. Пржете го ситно сечканиот кромид со мрснотијата во тенџерето.
  5. Откако ќе омекне, додајте ги во тенџерето и сечканиот морков на средни парчиња, ситно сечканиот целер и преостанатото чешне лук.
  6. Во тенџерето вратете го месото, зачинете со вегета, ловоров лист и уште рузмарин, па додајте го виното.
  7. Налејте 800 мл вода, промешајте и варете го гулашот 2 часа.
  8. По 2 часа додајте го и доматниот сок, промешајте и варете уште 15 минути.
Весела торта
Пача
Посна сарма со праз и шампињони
Највкусни крофни
Свинско со пиво и со рузмарин
Печен ролат од свинско каре
Кростата со рикота и чоколадо
Мешана тава со месо и печурки
Свинско печено во маринада
Јунешки гулаш во црвено вино
Суви смокви
Карамелизирани смокви
Пијана скуша
Ребра со виски сос
Летен ѓувеч
Торта од лимон и боровници
Мини чизкејк со јогурт
Пилешки ражничи на хавајски начин
Полнети погачки со виршли
Леден чај
Тава со модри патлиџани
Ролат погача
Лиснати погачки
Грне од месо и зеленчук
Полнето пиле
Ребра во сос од виски
Полнето пиле со ориз
Тава зајачко со зеленчук
Билјаши
Ролат штрудли со афион

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: