Рецепти
Благи земички со прелив од ананас Ана Ѓорова

Одлични за брз појадок или ужина за на училиште

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(350 Грама)

Шеќер(50 Грама)

Путер(100 Грама)

Квасец(30 Грама)

Млеко(6 Децилитри)

Јајце(1 )

Рендана кора од лимон(1 Кафена лажица)

Сол(1 Прстофат)

Пудинг од ванила(1 Пакување)

Шеќер во прав(40 Грама)

Ванилин шеќер(1 Пакување)

Жолчка од јајце(1 )

Ананас(0.5 )

Кајсија(1-2 )

Сок од ананас(1 Децилитар)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Квасецот ставете го во малку млако млеко за да стаса.
  2. Брашното измешајте го со јајцето, па додајте го нараснатиот квасец, шеќер, сол и сè замесете со малку млако млеко додека не добиете средно меко тесто. Додајте половина од стопениот, млак путер и рендана кора од лимон. Оставете да отстои на топло место додека тестото дупло не нарасне.
  3. Во меѓувреме, припремете го пудингот според упатството на пакувањето и додајте му ванилин шеќер, а кога ќе се подолади додајте ја и изматената жолчка со шеќерот во прав.
  4. Нараснатото тесто расукајте го во облик на правоаголник со димензии 30х45 см, па прелијте го со останатиот стопен путер и намачкајте го со пудингот. Свиткајте го во ролат и исечете го на 12 еднакви парчиња.
  5. Така добиените земички наредете ги една до друга во намастена тепсија и на средина од секоја ставете по едно парче ананас. Оставете ги да нараснат уште 30 минути.
  6. Печете ги во загреана рерна на 200°C околу 20 минути.
  7. Во меѓувреме сокот од ананасот сварете го со 2 лажици шеќер и испасираните и исечкани кајсии и нанесете врз печените, топли земички.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: